World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Сентябрь
2022

Новости за 01.09.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Македонското вино тема на муабет меѓу премиерот Ковачевски и тенискиот ас Ѓоковиќ

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вечерва го посети саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, каде се сретна со балканските лидери, меѓу кои и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Како што напиша премиерот Ковачевски на својот ФБ профил, со него поразговарале за македонското вино. Со заеднички меморандум Македонија и Србија ќе соработуваат на патот кон ЕУ „Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Со заеднички меморандум Македонија и Србија ќе соработуваат на патот кон ЕУ

Северна Македонија и Србија ќе потпишат меморандум за заедничка соработка и размена на искуства во евроинтеграциите бидејќи и двете држави немаат лесен пат кон Европската Унија, а имаат многу допирни точки. Ова е договорено на денешната средба во Белград во рамки на Отворен Балкан, меѓу македонскиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. По средбата Маричиќ изјави дека со задоволство ја прифаќа идејата која е корисна и за двете држави... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

БЕГ тврдат дека уште не ги добиле субвенциите за парното, а сметките се високи поради истечена одлука

Сè уште не е исплатена субвенцијата за парно од 100 милиони денари, за февруари, март и април 2022 година што согласно Одлуката на Владата беше пресметана во фактурите, соопштија од БЕГ. Ова следи по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, дека високите августовски сметки за парно што ги добија скопјани се должат на тоа што не е пресметана владината субвениција, па затоа побара од БЕГ нивно сторнирање. Скопјани добија превисоки сметки за парно од БЕГ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ана Стојановска, писателка: Слободата е врвната цел за мене

Неодамна, на англиски јазик во издание на Cadmus Press и превод на Пол Филев, во серијата преводи на дела од Источна и Југоисточна Европа, се појави и деби романот „Јас и Лин, отпосле“ од македонската писателка Ана Стојаноска, добитник на Рациново признание во 2016 година.

SlobodnaEvropa.mk 

Без учебници за четири одделенија и без ковид протоколи почна новата учебна година

Без учебници за четири одделенија денеска започна училишната година. Како што изјави министерот Јетон Шаќири, за учебниците по новата Концепција има законски постапки, треба да заврши постапката за економски оператор и учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да ги добијат учебниците. Дотогаш, истакна министерот, тие ќе учат од соодветните материјали што ги подготви Бирото за развој на образованието.  Претходната без свидетелства, а новата учебна дел од основците ќе ја започнат без... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Полска бара отштета од 1,3 билиони евра од Германија за Втората светска војна

Полската влада вели дека ќе бара отштета од околу 1,3 билиони евра за трошоците направени од источноевропската нација во Втората светска војна. Откако дојде на власт во 2015 година, полската владејачка партија Право и правда (ПиС), поранешната партија на претседателот Анджеј Дуда, го поттикна прашањето за воените репарации, велејќи дека Германија има „морална должност“ во врска со ова прашање. Вицепремиерот Јарослав Качински, шеф на ПиС, на 1 септември рече дека очекува „долг и тежок“ процес со Германија околу ова прашање. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поскапе огревното дрво од „Национални шуми“ за 20%

Владата даде согласност за побараното поскапување од 20% на огревното дрво на ЈП „Национални шуми“, информираше в.д. директорот на претпријатието Валентин Груевски. Поскапувањето на огревното дрво беше побарано пред повеќе од еден месец, но за тоа да се случи, беше неопходна согласност од Владата.  „Управниот одбор на ЈП Национални шуми на 21 јули донесе одлука за зголемување на цените на главните шумски производи и за таа одлука чекавме согласност од Владата и ја добивме на 31 август. Национални... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

​​​​​​​Ковачевски од саемот во Белград: Отворен Балкан покажува што значи интеграција и олеснет пристап

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. „Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа“, изјави македонскиот премиер. Отворен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјани добија превисоки сметки за парно од БЕГ, РКЕ бара нивно сторнирање

Сметките за парно што за август ги добија скопјани високи бидејќи во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. Тој истакна дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите августовски сметки и да изготви нови, каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата. На оние граѓани кои веќе ги платиле сметките, ќе треба да им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки, независно дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 169 ковид позитивни случаи во изминатото деноноќие

Во последните 24 часа регистрирани се 169 нови случаи на ковид-19 од направени 746 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице. Уставниот суд ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите Од новите случаи на ковид-позитивни најмногу има во Скопје - 93... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе чини да ви ја донесат струјата до дома отколку самата струја

Ако трошите 400 киловатчаса струја месечно – 200 киловатчаса скапа и 200 киловатчаса евтина, ќе платите околу 2600 денари месечно. Во случај, РЕК Битола да ви ја подари струјата, сметката ќе ви биде 1600 денари. Толку чини да ви ја донесат до дома.

SlobodnaEvropa.mk 

По Британија, движењето против плаќање високи сметки се шири и во Белгија

Кампањата против плаќање на екстремно високи сметки за гас и струја започна и во Белгија, по слична иницијатива во Британија. Белгиската кампања ја покренаа граѓани кои тврдат дека повеќе не можат да си дозволат да ги плаќаат сметките за гас и струја, пишува Брисел Тајмс. „Не можеме да платиме“, „Не сакаме да платиме“, „Не плаќаме“, наведуваат во памфлетот иницијаторите на кампањата. „За нас е едноставно: не можеме да ги платиме тие сметки и затоа нема да ги платиме“, додаваат тие. Зошто Европа се соочува со зголемени сметки за струја? Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Матичните лекари ќе штрајкуваат, пациентите ќе страдаат, а државата му се посветила на проблемот

Матичните лекари најавуваат тридневен протест од амбулантите, при што нема да издаваат упати и рецепти. Велат дека скапотијата се прекрши на нивниот грб, а државата нема слух за нивните барања. Пациентите се загрижени, а од Министерството за здравство тврдат дека се бараат решенија.

SlobodnaEvropa.mk 

Лавиринт од српски до косовски документи

Граѓаните на српската заедница од северот на Косово од денеска ќе имаат рок од два месеца за да ги пререгистрираат своите автомобили со таблички РКС, односно Република Косово. Сандра Цветковиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Христов: Бугарија води интензивни преговори со „Газпром“

Бугарскиот преоден министер за енергетика Росен Христов за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа. Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат. „Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Не одам на школски психолог за да не ме озборуваат

Родителите имаат свои проблеми, а училишните психолози еден куп административни обврски велат младите, истакнувајќи дека 'повикај го училишниот психолог' најчесто не е популарна опција за психолошка помош меѓу средношколците во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Можни „злосторства против човештвото“ на Кина во провинцијата Ксинџијанг

Високиот комесар на ОН за човекови права во заминување, Мишел Бачелет, го обвини Пекинг за „сериозно кршење на човековите права“ и можни „злосторства против човештвото“ во западниот регион каде кинеското раководство е обвинето за масовни приведувања и друго малтретирање на Ујгурите и другите малцинства. Извештајот на Бачелет сугерира дека дискриминаторското приведување на муслиманските групи во провинцијата Ксинџијанг може да претставува злосторство против човештвото и ја повика Кина да „преземе... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите

Уставниот суд денеска треба да одржи седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа. Според наводите во иницијативата со вака пропишаната законска одредба... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи денеска во Виена ќе ги претстави приоритетите на земјата како претседавач со ОБСЕ во 2023 година. Во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе ги изложи приоритетите на Северна Македонија, кои ќе се фокусираат врз заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ во време кога тие се сериозно оспорени. Османи со отчет за сработеното за половина мандат Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ од Полска на 1 јануари 2023 година... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Можни нови тензии на Косово и околу смената на регистарски таблички издадени од Србија?

Косово, Србија и мировниците на НАТО се подготвуваат за евентуален нов бран етнички тензии денеска, неколку часа откако Приштина објави дека околу 50.000 етнички Срби кои живеат во северно Косово ќе имаат рок од два месеца да ги сменат нивните регистарски таблички на автомобилите. Косово, кое е претежно етнички Албанци, се обидува да ги принуди етничките Срби да ги прифатат мерките на владата во Приштина и во рутинските бирократски прашања од независност во 2008 година. Вучиќ: Проблемот со табличките... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград Отворен Балкан со саем Винска визија, лидерски самит и македонска вечер

Од денеска до 4 септември во Белград во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија ќе го одржат Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, лидерски самит на претседателот Александар Вучиќ, премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и македонска вечер чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски. На Самитот ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во сила мерките за штедење струја

Денеска стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Министерот за економија Крешник Бектеши оцени дека претстои една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесат за нејзино полесно пребродување. Исклучување на декоративното... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: претпладне сончево, попладне на места нестабилно

Прeтпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време, со температура до 30 степени.


НАТО начало подготовку к конфликту с Россией на Крайней Севере

InfoBrics: Москва держится необычно. Запад озадачен новостями из Капустина Яра

"Старт–1М"

Языковой предел: как изменится система экзаменов для мигрантов



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Ru24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Ru24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Ru24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

InfoBrics: Москва держится необычно. Запад озадачен новостями из Капустина Яра

"Старт–1М"

Бастрыкину представят доклад по делу о нападении на съемочную группу «Известий»

Делегация Минздрава КНДР посетила предприятия ОЭЗ «Дубна»

Музыкальные новости

Григорий Аникеев: «Важно заботиться о здоровье людей старшего поколения»

Бастрыкин взял дело хирурга, на которого пожаловались пациенты, на контроль

Социальная работа на предприятии: современные тенденции и интересные кейсы

Центр «ВОИН» открыл новые региональные отделения

Новости России

Небензя: каждое вето США по Газе в СБ ООН стоит жизней тысяч жителей анклава

В Подмосковье продолжаются фестивали профессий «Путь навыков»

"Старт–1М"

Мариинский впервые за 20 лет примет гастроли балетной труппы Большого театра

Экология в России и мире

Наследие «Игр будущего»

Полное руководство по онлайн-покупкам на рынке ‘Садовод’: советы, рекомендации и секреты экономии

Врач -стоматолог Владимир Лосев: особенности и нюансы лечения зубов у пожилых

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

Спорт в России и мире

Финалисты «Мастерса» в Монте‑Карло опередили Рублева в рейтинге ATP

Андреева победила Подороску на старте турнира WTA в Руане

Шнайдер проиграла Бадосе на старте турнира WTA в Штутгарте

Полина Кудерметова проиграла Плишковой в первом круге турнира WTA в Руане

Moscow.media

Названы самые дорогие советские автомобили на апрель 2024 года

Axenix открыла офис в Санкт-Петербурге

Минфин РФ: отсутствие интероперабельности - это препятствие к использованию ЦФА в международных расчетах

Сотрудники Росгвардии по горячим следам задержали подозреваемого в краже личных вещей у прохожего.







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *