Поднесено обвинение за Меѓународен сојуз
Од обвинителството денеска сооштија дека првосомничениот сторил кривичното дело Измама и перење пари, а три лица се обвинети дека му помагале.Од таму наведуваат и дека едно лице, освен за помагање при перење пари и други приноси од казниво дело е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Во соопштението се наведува дека од летото 2017 до пролетта 2018 година првообвинетиот Јовановски како претседател на невладината организација ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда.
„Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност“, се наведува во соопштението.
Тројца обвинети, пак, како што пишува, со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата преку подготовка на договори, подигање и уплаќање пари и други работи, третообвинетатасо својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетенитедавајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите. Петтообвинетиот, наведува обвинителството, иако знаел дека парите потекнуваат од кривично дело му помогнал на првообвинетиот да ги пушти во оптек.