Шумер: Трамп не може во војна со Иран без одобрение од Конгресот
"Операцијата против Сулејмани во Ирак беше спроведена без посебно одобрение и претходно известување или консултација со Конгресот. Јас сум член на групата 8, која вообичаено е информирана за операциите од вакво значење, но јас не бев", рече Шумер.
Тој додаде дека Трамп нема овластување да оди во војна со Иран без одобрение од Конгресот.
„Ако планира значително зголемување на војниците и потенцијалните непријателства на подолг рок, на неговата администрација ќе и треба одобрение од Конгресот и граѓаните на САД“, рече Шумер.
Во меѓувреме, Пентагон најави распоредување на дополнителни неколку илјади војници на Блискиот исток.