СЗО: Последиците од пандемијата ќе траат со децении
„Пандемијата е здравствена криза што се јавува еднаш во сто години и влијанијата ќе траат со децении“, рече Тедрос на состанокот на комисијата за итни случаи на СЗО, според извештаите објавени од организацијата.
Пандемијата уби повеќе од 670.000 луѓе откако избувна во Вухан, а дијагностицирани се повеќе од 17 милиони заразени лица.
„Иако знаењето за новиот вирус напредуваше, многу прашања остануваат неодговорени и популацијата останува ранлива. Првичните резултати од серолошко истражување даваат конзистентна слика: најголем дел од светската популација останува подложна на вирусот, дури и во области што се сериозно погодени од заразата“, нагласи Тедрос.