Митко Јанчев најавува преземање на ВМРО-ДПМНЕ
Јанчев, во интервју за Фокус, вели дека Мицкоски него го го сметал за конкуренција и затоа го разрешил од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, и дека партијата чека подобри денови.
ВМРО-ДПМНЕ почна со најавените кадровски промени
„Кога јас ќе го преземем ВМРО - ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја“, вели Јанчев во интервјуто.
Јанчев веќе подолг период јавно го критикува партиското раководство и бара негова смена. ВМРО-ДПМНЕ по изборите најави кадровски смени и освежување на партијата кои пред неколку дена ги почна со повик за пријавување на кандидати за претседател на Унијата на млади сили и за челници во партискиот огранок на ветераните.