Во самоубиствен напад во шиитската зона на Кабул загинале 19 лица
Во денешниот самоубиствен бомбашки напад во образовен центар во шиитска населба во главниот град на Авганистан, загинаа 19 лица, а 27 беа ранети, изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, назначен од Талибанците. Експлозијата во центарот во населбата Дашти Барчи населена со Хазари, претежно шиитско етничко малцинство, се случи во утринските часови, изјави портпаролот Калид Задран. Експлозијата се случи во училница преполна со ученици, рече Задран.
Четворица загинати, десет повредени лица во експлозија во Кабул
Нападот е последен во континуираниот прилив на насилство откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Групата Исламска држава во минатото ја напаѓаше заедницата на Хазарите, вклучително и во Дашти Барчи. „Нашите тимови се испратени на местото на експлозијата за да дознаат повеќе детали“, изјави претходно Абдул Нафи Такор, портпарол на Министерството за внатрешни работи назначен од Талибанците.