Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Студот во Авганистан уби над 70 луѓе

Талибанските власти во Авганистан соопштија дека најмалку 78 луѓе меѓу кои и и неколку деца  загинале во студениот бран што ја зафати Азија, во кој температурите паднаа на најниско ниво во повеќе од една деценија.


Министерството за управување со катастрофи на Талибанците на 19 јануари соопшти дека смртните случаи поради студот се регистрирани во осум провинции од 34 во последните осум дена, додека околу 77.000 добиток исто така угинале, што претставува закана за и онака кревката безбедност на храната во земјата.


Најстудената зима во последните 15 години, во која температурите паднаа и до -34 Целзиусови степени, го погоди Авганистан среде тешка економска криза.


Многу хуманитарни групи делумно ги прекинаа операциите во последниве недели поради пресудата на Талибанците дека повеќето работнички на невладини организации не смеат  да работат, оставајќи ги агенциите неспособни да управуваат со многу програми во конзервативната земја.


„Времето ќе стане постудено во следните неколку дена, затоа е неопходно да се размислува за хуманитарна помош за настраданите лица“, изјави Абдула Ахмади, раководител на Оперативниот центар за вонредни состојби при Министерството за управување со катастрофи.




Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања минатата недела соопшти дека ограничувањата за работничките ги попречуваат напорите за испорака на помош.


Дури и во почетокот на зимата, здравствените работници пријавија нагло зголемување на бројот на мали деца кои страдаат од сериозни случаи на пневмонија и други респираторни заболувања, делумно поради влошувањето на сиромаштијата што ги остави луѓето да не можат соодветно да ги загреат своите домови.  

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *