Електронските сметки за вода во рацете на фирма без искуство
Електронската наплата на сметките за вода од скопскиот регион сега е во рацете на фирма која е основана само 4 дена по назначувањето на сега веќе разрешениот в.д. директор Марјанчо Митовски. Тој го потпишал договорот за јавната набавка, а по разрешувањето останува како втор човек во Водовод.