Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД ќе ги употребат „сите можни средства“ за да го спречат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да ја отцепи РС од Босна и Херцеговина. Во сведочењето пред Поткомитетот за Европа на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, тој порача дека Косово и Србија треба ги исполнат своите обврски според Договорот за нормализација на односите.