Обид за убиство на жена во Бјелина, напаѓачот починал по скок од балкон
Претходно маж се обидел со нож да ја убие својата долгогодишна девојка.
„Во својот стан со нож и нанел повеќе убодни рани на својата долгогодишна девојка, по што скокнал од балконот и паднал на трафостаницата. Од здобиените повреди мажот починал утринава“, велат од Обвинителството.
Во последните десет дена во Босна и Херцеговина беа убиени две жени. Убијците биле нивни партнери.
Последното убиство се случи во понеделникот, на 21 август, кога маж ја убил својата партнерка во семејната куќа, недалеку од Живинице, на североистокот на Босна и Херцеговина.