Собранието расправа за закони, но за гласање нема кворум
Собранието ја заврши расправата по неколку предлог-законски измени и дополнувања во рамки на 32-та седница, и тоа за законот за јавните набавки, по скратена постапка, за законот за чек, за давање на финансиски услуги на далечина, во прво читање, потоа Предлог на завршна сметка на Буџетот на Македонија за 2019 година, како и измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во прво читање. Поради немање кворум во собраниската сала, гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано. Читать дальше...