„Кајмак“ на Манчевски почна да се „крчка“ на скопската врелина
Во наредните пет недели, на локации низ Скопје, ќе се снима „Кајмак“ седмиот долгометражен филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Станува збор за „црна комедија, или среќна трагедија и за безмилосна критика на лицемерието“ во европска копродукција.