Русија добива постојано радарско поле во 2018 година
Создавањето во Русија на постојано радарско поле на Системот за предупредување на ракетен напад (СПРН) со цел спротивставување на воздухопловни сили е планирано за 2018 година, изјави во интервју за весникот „Комерсант“ претседателот на Одборот на директори на концернот „Радиотехнички и информатички системи“ (РТИ) Сергеј Боев.
Русија создава супермоќна радарска станица
„Првите рокови беа поставени за 2020 година, но потоа се преместени за 2018. Тогаш треба да биде создадено постојано радарско поле на СПРН. И ние правиме сѐ што можеме за да ја исполниме оваа задача. Јасно е дека поради грешка на конструкторите бевме принудени низа наши проекти да ги преместиме за 2018 година“, изјави Боев.
Според него, „што се однесува до затвореното радарско поле, од наша точка на гледање, со испораката на борбена должност на станиците, кои ги произведовме во 2016 година – и Енисејск, и Барнаул, и Орск – тоа ќе биде создадено“, рече тој.
„Патем, за прв пат во историјата. Тоа ќе се случи на крајот на 2017 година“, додаде Боев, пренесува РИА „Новости“.
Последниве шест години РТИ влегува во топ-100 светски одбранбени компании според верзијата на The Defense News. Во 2017 година приходите од продажба на оружје изнесуваат 565,9 милиони долари (86 место на листата).