Добавить новость
World News
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заменик-помошникот државен секретар на САД Мароко на средби во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави и шеф на Бирото за конфликти и операции за стабилизација Пит Мароко, кој престојува во посета на Македонија, попладнево во Владата се сретна со претставниците на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот.


Како што информираат од владината прес служба, на состанокот присуствувале националниот координатор Борче Петревски и замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостолоски. Тема на разговорот биле приоритетите и иницијативите за спречување на насилниот екстремизам и напорите за зајакнување на регионалната соработка со земјите од Западниот Балкан.


“Мароко, кој е во посета на Македонија во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан, упати честитки за чекорите кои земјата ги презема во остварувањето на евроатлантските аспирации, посебно потенцирајќи дека Договорот со Грција е резултат на комплексни разговори и преговори”, се наведува во владиното соопштение.


Македонските и американските претставници споделиле искуства од активностите кои се преземаат за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам кои водат кон тероризам и се согласиле дека надминувањето на овие проблеми се врвни безбедносни приоритети на Република Македонија, информираат од владата.


Истовремено, како многу важна, била оценета соработката со земјите во регионот и вклучувањето на Македонија во регионалните програми за превенција на насилниот екстремизам.


Националниот координатор, соопштија од прес службата, истакнал дека Владата на Република Македонија е посветена на превенцијата и сузбивањето на овие закани со координирана акција и заедничка стратегија со стратешките партнери на Република Македонија, САД, земјите на ЕУ, како и нашите соседи во регионот.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *