Седми претседателски избори во Република Северна Македонија. Седуммина кандидати во трка за претседателската функција. За победа во првиот круг е потребно некој кандидат да освои мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, што е речиси невозможно.
Граѓаните на Северна Македонија бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години. Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори.