Повредените во Кочани ќе добијат центар за дружби и креативни идеи
Модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи, ќе добијат младите кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави министерот за здравство, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Целта на здравствените власти е преку отворањето на овој центар да им понудат помош на повредените, на тој начин што ќе создадат простор за нивна дружба и како што рече, реализација на проекти. Во недостиг на конкретни информации, новиот министер кусо посочи дека на повредените освен здравствени, потребни им се и други услуги. Читать дальше...