Велибор Манев е организатор, Боре Видевски извршителот, а Влатко Кешишев стражарот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова во својот завршен збор денеска го кажа Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за двете грозоморни убиства што се случија кон крајот на 2023 година. Со завршниот збор на Палевски заврши судењето за убиствата, а пресудата ќе биде изречена на 25 јуни.
Во својот завршен збор Палевски рече дека иако е обвинет за двете убиства, не постои трага, видео, доказ, сведок дека тој учествувал во ова злосторство. Читать дальше...