Една недела откако седна во министерската фотелја, првиот човек на здравство Азир Алиу бара решение за ослободување на сообраќајниот хаос на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од Владата велат дека прашањето е нејзин приоритет, но, се уште нема конечно решение по пропаѓањето на тендерот со албанската „Ѓока констракшн“.