Добавить новость
World News
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Собранието не ги изгласа измените на Изборниот законик

Собранието денеска (16 август) во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.

Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека станува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и според Бадентер.

За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.

Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица - кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.

Собраниската седница закажана за денеска со единствена точка за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка се случи во услови на веќе распишани избори.

Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека одлуката за поднесените измени е антиевропска и спротивна на Уставот и постоечките закони, додека Владата која е предлагач е моноетничка.

„Пред нас е Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните“, рече Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски оцени дека на ДУИ не им е грижа за независните кандидати, туку „си тераат политика во која тие се жртвите“.

„Вам целта ви е друга, да се преставите пред вашите гласачи дека некој прави нешто против вас, а суштината е многу едноставна - независните кандидатури за градоначалници и советнички листи да може да учествуваат на локалните избори, но вие го укинувате тоа“, потенцира Мицевски.

Тој потсети дека во насока на регулирање на различните правни толкувања и недоречености во постапката за собирање потписи за поднесување кандидатски листи од независни кандидати, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери поднесоа измени на Изборниот законик со кои треба да се уреди врeмено оваа постапка која претходно беше укината од Уставниот суд. Со ова решение, како што објасни, се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.

Се огласи и Алијанса за Албанците (АА) преку својот официјален фејсбук профил. Како што наведува АА, се потврди дека оваа Влада нема Бадентерово мнозинство и дека „сака да функционира без еден од главните столбови на Охридскиот договор и важечкиот Устав“.

„Оваа Влада нема етнички легитимитет, не ги претставува сите граѓани и сите етнички заедници, туку е моноетничка Влада која се обидува да ги наруши и дискриминира другите, особено Албанците. Ги повикуваме албанските партии во Владата да го напуштат овој вазализам, правилно да ја прочитаат волјата на Албанците и да го прифатат фактот дека немаат потребен легитимитет да останат таму каде што се, потчинети и понижени секој ден“, реагира Алијанса за Албанците.

Претходно, Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) изјави дека независните кандидати би можеле да поднесат листи на претстојните локални избори и без да собираат потписи.

„Согласно Уставот и Законот, секој има еднакво избирачко право да бира и да биде избран. Значи, ДИК нема право и никому не му го ускратува законското право за учество на избори. Членот 60 постои во Изборниот законик, тој е јавен и достапен за сите. Значи сите – и политички партии и коалиции и група избирачи, согласно членот 60, имаат право да учествуваат на изборите“, изјави Кондарко.

Проблемот за независните настана откако минатата година беа донесени измени на Изборниот законик, со кои им се наметна повисок законски праг за да се кандидираат на избори.

Имено, наместо 1000 потписи од избирачи во конкретна изборна единица, на независните кандидати им беше наложено да обезбедат потписи од најмалку еден отсто од вкупниот број запишани избирачи, доколку станува збор за парламентарни избори.

Сакајќи да се осигураат дека ќе можат да настапат на изборите, независните граѓански иницијативи почнаа да собираат потписи за да формираат партии. За да се формира партија потребни се 1000 потписи.

Заедничка партија ќе формираат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“ и „Зелените од Гази Баба“. Посебна партија ќе формира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“.

Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *