Добавить новость
World News
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Иран ги заострува казните за шпионажа поради зголемувањето на егзекуциите

Само неколку дена откако експертите за човекови права на ОН ја осудија „драматичната ескалација“ на егзекуциите во Иран, моќниот Совет на чуварите одобри построги казни за шпионажа и соработка со Израел и САД.

Портпаролот на Советот на чуварите, уставно-контролорот на Иран, ја објави одлуката на 1 октомври, по месеци преговори со парламентот за амандманот.

Објавата доаѓа кратко откако Комисија на ОН откри дека иранските власти погубиле повеќе од 1.000 луѓе од почетокот на годината, бројка што Амнести интернешнл ја оцени како највисока во најмалку 15 години.

„Со просек од повеќе од девет бесења дневно во последните недели, се чини дека Иран извршува егзекуции со индустриско темпо што ги побива сите прифатени стандарди за заштита на човековите права“, рекоа експертите на ОН.

Комисијата објави дека десет лица се погубени оваа година под обвинение за шпионажа, осум од нив од 13 јуни, кога Израел започна 12-дневна војна против Иран.

По објавувањето на извештајот на 29 септември, Иран погуби уште едно лице за наводно шпионирање за Израел.

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Ширин Ебади, изјави дека главната цел на владата е да го покаже „насилното лице“ на Иран.

„Тие сакаат да ја заплашат јавноста за да не ја искористат слабоста на политичкиот систем со излегување на улиците“, изјави таа за Радио Слободна Европа.

„Животот на луѓето стана алатка за опстанок на владата“, истакна таа.

Нејасна формулација на законот за шпионажаДодека Парламентот го воведе законот во јуни, правните експерти и групите за човекови права предупредуваат дека неговата нејасна формулација и строгите казни создаваат ризик од произволни обвиненија и масовни егзекуции, вклучително и за прекршоци кои претходно носеа полесни казни или не беа класифицирани како шпионажа.

Според амандманите, законот му дава на Врховниот совет за национална безбедност овластување да идентификува „непријателски држави и групи“, додека Министерството за разузнавање идентификува специфични „непријателски мрежи“.

Секоја „разузнавачка активност, шпионажа или оперативна акција“ во корист на тие непријателски субјекти е предмет на смртна казна и конфискација на имот.

Законот експлицитно ги означува САД и Израел како „непријателски држави“, додека Врховниот совет може да именува други.

Законот исто така наведува дека, освен смртната казна, ниедна друга пресуда не е предмет на жалба.

„Сурово неправедни судења“Извештајот на Амнести Интернешнл нагласува дека Револуционерните судови, кои се занимаваат со случаи поврзани со националната безбедност и дрога, немаат судска независност и изрекуваат строги казни како што е смрт по „сурово неправедни судења“.

Ебади тврди дека строгите казни, како што е смртната казна, не успеале да ја спречат трговијата со дрога.

„Наместо сурови казни, властите треба да се справат со основните причини што ги тераат луѓето да извршуваат злосторства поврзани со дрога“, рече таа, нагласувајќи дека ваквите прекршоци најчесто се случуваат во запоставени и неразвиени области.

Вградување на смртната казна во културатаИран е втора земја во светот по бројот на годишни егзекуции, веднаш по Кина.

Ебади рече дека откако дојде на власт по револуцијата во 1979 година, Исламската Република се обиде да ја нормализира смртната казна, дури и јавно спроведувајќи ја, со цел да ја всади во општествената култура.

„Луѓето порано се собираа во редици и ги носеа своите деца“, се присети таа на раните денови. „Но, тоа повеќе не е случај“.

Таа нагласи дека сè додека сегашниот режим е на власт, „нема шанси“ смртната казна да биде укината.

„Значи, ако прашате што треба да се направи, би рекла: мора да работиме на тоа да ја завршиме Исламската Република“, заклучи Ебади.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *