Авганистанските власти со нов план за безбедност
Авганистанската влада го одобри новиот план за безбедност на главниот град Кабул, по серија смртоносни милитантни напади. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими денеска изјави дека новиот план ќе се спроведе во наредните две недели. Рахими рече дека повеќе од 100 улици што водат во центарот на Кабул ќе бидат подложени на надзор како дел од планот. Тој рече дека планот вклучува околу 52 мерки, од кои повеќето нема да бидат откриени за јавноста. Планот треба да се спроведе во три фази, при што првите се фокусираа на областите кои се најзагрозени, рече тој.
Владата во Кабул, поддржана од Запад, е под зголемен јавен притисок за подобрување на безбедноста во главниот град по серијата напади за кои одговорноста ја презедоа Талибанците и милитантите на Исламска држава. Од 20 јануари, милитантите во главниот град нападнаа луксузен хотел, бомбардираа преполна улица и извршија смртоносна рација во воен комплекс - убивајќи повеќе од 130 лица. Претседателот Ашраф Гани отпушти седум офицери на армијата, вклучително и двајца генерали, за "професионална негрижа" во врска со нападот врз воениот комплекс.