Дескоска: Ако овозможиме трајно функционирање на СЈО ќе испратиме сериозна порака
„Секоја пратеничка група и секоја партија си го составува преговарачкиот тим. Нивната оценка кој ќе ги застапува најдобро нивните интереси можете ја видите од составот на тимот и секако тоа праќа порака кои позиции ќе им бидат приоритетни во преговорите, но нивно дискреционо право е да си го состават тимот“, кажа Дескоска.
Дескоска пред медиумите повтори дека не се согласува со тоа дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, туку дека "како држава ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО".