„100 метрономи“ или звук на ракета во Филхармонија
„100 метрономи“ е насловен претстојниот концерт што ќе се одржи овој четврток, на 16 декември во 20 часот, во Филхармонија. Со оркестарот ќе диригира маестро Габриел Бебешелеа, а солист ќе биде врвниот руски пијанист Андреj Коробејников. На програмата се дела на класиците Хајд, Бетовен и Лигети.