Повеќе од една деценија нема нови лекови на државна сметка
Додека медицината „оди напред“ и во светот старите лекови се заменуваат со нови и поиновативни, во Македонија листата на лекови на државна сметка не е сменета повеќе од 10 години. Здравствените власти бараат уште време за да се утврди кои и какви лекови ќе бидат достапни на позитивната листа.