Времето денеска: сончево и топло
![Времето денеска: сончево и топло](https://gdb.rferl.org/80011C3C-DB65-4BB2-97A1-3C1691375388_cx0_cy8_cw44_w800_h450.jpg)
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. Дневната температура ќе се движи од 26 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32 степена.