Ѓукановиќ: Не верувам во краток пат кон Европската унија
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во интервју за Радио Слободна Европа вели дека не верува во скратен пат за членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија. „Мојот став е дека сите земји од Западен Балкан треба да имаат свое место во ЕУ, но до кое ќе се дојде по безусловно спроведени, висококвалитетни сеопфатни социјални реформи. Затоа, не верувам во кратенки на патот кон ЕУ“, изјави тој. Ѓукановиќ, како претседател на државата која отиде најдалеку во евроинтегративниот процес, со сите отворени преговарачки поглавја и три привремено затворени, изразува уверување дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на ЕУ. Тој процес, како што наведува, не може да биде загрозен со загрижувачките показатели за слабоста на државата во одговорот на раширената корупција и присуството на организиран криминал.
Абазовиќ - Шверцот на цигари преку пристаништето Бар е клинички мртов
„Не верувам дека е можно да се одговори на барањата на животот во ЕУ без претходно спроведени реформи, затоа мислам дека пораката од Црна Гора досега беше јасна - подготвени сме да ги исполниме условите, пред се во областа на владеењето на правото, што стана клучна точка на преговарачката агенда со Е У. После тоа сакаме да постигнеме членство во ЕУ и сметаме дека врз основа на досега сработеното Црна Гора би можела да биде првата следна членка на ЕУ“. Тој во моментов, како што вели во интервјуто за РСЕ, е фокусиран на прашањата за дестабилизација на Црна Гора, кои, според него, се последица на експанзионистичките акции на круговите во и околу Српската православна црква.