Новогодишната вечер донесе четири бебиња
Четири бебиња се родиле во тек на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото бебе е машко и се родило една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња.
Министерот за здравство Беким Сали кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ги посети бебињата се надева дека целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.
„Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така,“ рече Сали.
Власта прослави странска донација - за термин за преглед се чека со месеци
Министерката Тренчевска пак порача дека во фокус на МТСП останува да биде детската заштита и овозможување на секое дете пристап до квалитетно предучилишно образование и воспитание.