Здруженијата за заштита на животните на протест пред Владата
Десетици здруженија за заштита на животните и поединци активисти со мотото „Не се безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, ќе одржат протест пред седиштето на Владата, a по повод последниот настан што се случи во Струга кога човек, кој со пушка, уби десетина кучиња, но и по зачестените напади на граѓани од страна на кучињата по улиците. „Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња на целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да удомиме и да ги тргнеме од улиците, но битката не можеме да ја водиме сами оти оние што се надлежни да ги носат одлуките се глуви за проблемот“, велат организаторите.
Владата ќе бара помош од Брисел за проблемот со кучињата
Тие наведуваат дека за да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња бараат од надлежните институции, меѓу другото, обезбедување 250 бесплатни кастрации/стерилизации секој месец, задолжително микрочипирање на секое куче со сопственик – глоба од 80 евра првиот пат и 180 евра доколку сопственикот повторно не ја почитува наредбата, забрана и казни за оплодување на домашните миленици и изградба на азил за кучиња во секоја општина, во соработка со локалните здруженија.