Времето денеска: променливо облачно
Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе се движи од 6 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 15 степени.