Македонско-бугарските односи во нова тензична фаза
Инцидентите и провокациите меѓу двете земји се намерно предизвикани од оние кои не сакаат да станеме членка на ЕУ, смета премиерот Ковачевски. Во Бугарија повик до Бугарите да го чествуваат Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари. Последен пат ќе влезе во државата секој кој ќе ги нарече Македонците Бугари или ќе каже дека Северна Македонија е бугарска, категоричен е министерот Османи.