Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Агелер-Од критична важност е да се смират страстите меѓу Скопје и Софија

Агелер-Од критична важност е да се смират страстите меѓу Скопје и Софија

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Прајс Агелер вели дека од круцијално значење е да се смират страстите меѓу Скопје и Софија и лидерите од двете страни да можат смирено и рационално да дискитураат. Таа во интервју за Телевизија Телма истакна дека актуелната атмосфера не треба да влијае врз македонскиот напредок кон ЕУ.

„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба, истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.

Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Северна Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Во однос на американскиот тим за санкции кој беше неодамна во посета на Скопје таа вели дека не постои една „црна листа“, туку различни видови на листи со санкции.

„ Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња“. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции“, вели американската амбасадорка.

Агелер во интервјуто посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.

„Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие, нагласи Агелер.

Амбасадорката побара трпение од страна на граѓаните и рече дека тие мора да сфатат дека станува збор за постојан процес.

„Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, или обвинител, која и да е вашата улога, и да се запрашате „дали јас се однесувам, дали си ја извршувам работата со интегритет? Дали сум под влијание на други? Дали носам одлуки засновани врз законот?“ Мислам дека сите можеме да посочиме кон неодамнешни примери каде што не ни се чини нам, или на јавноста, дека тоа се случило. Значи продолжуваат да се појавуваат примери кои изгледаат многу сомнително, пак ќе повторам, не само на САД и на Амбасадата, туку и на обичните луѓе, кои сакаат да продолжат со своите животи знаејќи дека нивната влада, дека нивните политичари дејствуваат во најдобар интерес за нив. Во најдобар интерес за граѓаните, а не во нивниот личен најдобар интерес, на судијата, на обвинителот, или на кој било“, наведе Агелер.

САД во последно време се погласни дека е потребна посилна борба со корупцијата во Северна Македонија, а тоа е дел и од заложбите на сегашната американска амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.

Засега само македонскиот државен врв потврди дека не се исклучува актуелни функционери да се најдат на листата со санкции на САД откако кон крајот на минатата година американски тим на санкции беше во посета на земјава, но за тоа повеќе детали не излегоа во јавност.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Белехова: после СВО к празднику 9 Мая стали относиться с четким осознанием

Аэрофлот запускает воздушный шатл между Москвой и Петербургом: названы новые цены на авиабилеты

Страдания юного Аюша Булчун

«Истребители» в битве за Крым и за зрителя

Музыкальные новости

В Костроме сотрудники Росгвардии обеспечат общественную безопасность во время проведения футбольного матча между командами "Спартак" Кострома - "Динамо" Брянск

Мультфильм «Пушистый вояж» выйдет в прокат при поддержке Детского радио

Дети из Узбекского землячества Бурятии увидели театр кукол «Ульгэр»: Россия и Культура

Россия, Бурятия, Культура и Дети: Байкальская театральная школа прошла в Иволгинском районе Бурятии

Новости России

Страдания юного Аюша Булчун

136 часов в пути: пассажирский поезд Чита-Адлер запустят с 18 мая

В Москве из-за новых обстоятельств отменят дело о нападении на журналистов

Пашинян, Турция, Азербайджан и Запад реализуют план «Зангезурский коридор»

Экология в России и мире

Не чувствую руку: Доктор Кутушов рассказал к чему приводит частое онемение конечностей

Стой и не двигайся: доктор Кутушов рассказал, что делать при встрече со змеями

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Студенты городских образовательных учреждений проходят практику в Marins Park Hotel Новосибирск

Спорт в России и мире

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

«Подача на победу на Уимблдоне». Гвардиола – о заключительном туре АПЛ

Медведев с трудом одолел 121-ю ракетку мира на турнире в Риме

Даниил Медведев одолел 121-ю ракетку мира Меджедовича и вышел в 1/8 финала Рима

Moscow.media

Патриотическую акцию «Синий платочек» провели в Нижнем Новгороде в день прибытия «Поезда Победы»

Смонтированы пролеты четырех мостов на трассе Дюртюли – Ачит в Пермском крае

Россия, Культура, Дети: конкурс на новую эмблему обьявил Театр Ульгэр в Республике Бурятия

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *