Абазовиќ: Не знам што тоа вонредно се случува во Црна Гора
Премиерот во технички мандат на Црна Гора Дритан Абазовиќ во врска со оценките на претставниците на меѓународната заедница дека Црна Гора е во длабока политичка и институционална криза, изјави дека не знае што тоа вонредно се случува и дека би сакал некој да му каже кој дел од црногорскиот систем не функционира. Запрашан да ја коментира изјавата на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која изјави дека Црна Гора станала рак на раните европски интеграции, Абазовиќ рече дека таквата изјава е пресилна. Тој нагласи дека на Светскиот економски форум во Давос се сретнал со Фајон и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг. „Разговаравме. Би сакал црногорската јавност да има можност да го слушне господинот Шаленберг. Што рече човекот на средбата за владата и Црна Гора, доколку јавноста го слушне, ќе има поинаква перспектива“, рече Абазовиќ.
Специјалниот пратеник на Соединетите држави изјави дека Црна Гора е на работ на институционален колапс, каков што едвај видел во ниту една земја. Интерес на Владата, како што изјави Абазовиќ, е претседателските избори закажани за 19 март да поминат мирно. „И тогаш Црна Гора добива нов претседател. Важно е тоа да не биде Мило Ѓукановиќ“, посочи тој.