Немири во индиската држава Манипур
Немири избувнаа во индиската држава Манипур каде протестниот марш организиран од племенска група во средата прерасна во судири, во кои беа запалени возила и куќи.
Армијата распореди неколку илјади војници во земјата, која граничи со Мјанмар, и издаде наредби за употреба на оружје „во екстремни случаи“. Воведен е полициски час, а интернетот е исклучен.
„Вкупно 23.000 цивили досега се спасени и префрлени во нашите воени бази или гарнизони“, се вели во соопштението на армијата.
Североисточна Индија со децении е сцена на конфликт меѓу етничките групи и сепаратистите кои бараат поголема автономија, дури и отцепување.
Околу 50.000 луѓе се убиени во Манипур од 1950-тите.