Македонски државјани убиени во хотел на Халкидики
Двајца македонски државјани утрово биле затрелани во Халкидики, Грција. Инцидент се случил околу 3.30 часот, во нивната изнајмена соба, откако непознати мажи со качулки на главата им влегле во собата и пукале во нив.
Едниот, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на лице место, јавуваат грчките медиуми. Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Според грчите медиуми убиениот 39 годишен маж е познат скопски бизнисмен и сопственик на казино. Грчката полиција спроведува спроведува прелиминарна истрага.