Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Османи очекува брзо формирање на нова влада во Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека очекува новиот парламент и влада на земјата да бидат формирани брзо откако завршија предвремените парламентарни избори, повикувајќи ги пратениците веднаш да дадат приоритет на усвојување на државниот буџет и ратификација на клучните меѓународни договори.

Во интервју за косовскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), Османи предупреди дека одложувањата во формирањето на институциите би можеле да блокираат речиси 1 милијарда евра – пари од меѓународните финансирање, вклучувајќи ги фондовите за раст на Европската унија и договорите поддржани од Светска банка.

Османи зборуваше еден ден откако Косово на 28 декември одржа предвремени парламентарни избори – втори оваа година по неуспехот да се формира влада по гласањето во февруари, кога премиерот Албин Курти и неговата партија „Самоопределување“ не успеаја да обезбедат парламентарно мнозинство.

Врз основа на прелиминарните резултати, се предвидува дека „Самоопределување“ ќе освои околу 56 пратенички мандати, во споредба со 46-те на изборите во февруари, што ќе ја стави партијата поблиску до обезбедување мнозинство од 61 во 120-члениот парламент на Косово. Курти претходно за да обезбеди мнозинство се потпираше на поддршката од партиите на несрпските малцинства.

Откако ќе бидат потврдени резултатите, Османи рече дека избраните пратеници треба брзо да дејствуваат, гласајќи „за влада рано наутро, а веќе попладне да ги изгласаат меѓународните договори“.

Избор на претседателПратениците, исто така, ќе се соочат со притисок да постигнат договор за избор на претседател на државата, бидејќи сегашниот мандат на Османи истекува во април 2026 година. Таа потврди дека има намера да се кандидира за втор мандат, тврдејќи дека континуитетот е од суштинско значење во услови на регионална нестабилност и зголемени безбедносни предизвици низ Европа.

Косово претседателот го бира во парламентот. Според Уставот, изборот мора да се одржи најдоцна 30 дена пред крајот на мандатот на актуелниот претседател. Евентуален неуспех да се избере претседател може да предизвика нови парламентарни избори.

Османи беше избрана за претседателка во 2021 година откако се кандидираше на пратеничката листа на Курти и „Самоопределување“, а откако претходно замина од опозициската партија Демократска лига на Косово, каде имаше високи функции.

Обвинувања кон БелградОсмани во интервјуто рече дека Косово останува целосно посветено на дијалогот посредуван од ЕУ за нормализирање на односите со Србија, но го обвини Белград за блокирање на спроведувањето на договорот за развивање добрососедските односи од 2023 година

„Имаме проблем со српската страна, која никогаш не го спроведува она што го ветува. Се надевам дека Брисел ќе биде многу појасен во постапките, а не само во зборовите, и ќе бара од Србија целосно спроведување на своите обврски“, рече Османи.

Косово досега одбиваше да достави нацрт-статут за Заедницата на српски општини до Уставниот суд на земјата. Формирањето на вакво тело, чија цел е да обезбеди одреден степен на самоуправување за српската заедница на Косово, беше договорено во рамките на дијалогот посредуван од ЕУ во Брисел. Нацрт-статутот за Заедницата на српски општини беше предложен од ЕУ и поддржан од западните партнери, вклучувајќи ги САД, Германија, Франција и Италија.

Србија, од своја страна, го обвинува Косово дека не го спроведува договорот со тоа што одбива да продолжи со планираното формирање на Заедницата на српски општини. Османи, пак, ја обвинува Србија дека таа постојано ги крши своите обврски.

Врските со САД и безбедносните предизвициОсмани, која го посети Стејт департментот двапати оваа година, рече дека видела, како што опиша, растечки интерес од САД под водство на претседателот Доналд Трамп, особено за одржување на регионалната стабилност и за спречување на обновување на насилствата.

„Постои зголемен интерес од администрацијата на Трамп да помогне во односите меѓу Косово и Србија и да го одржи регионалниот мир и стабилност по секоја цена, за да не се толерира никаква акција што го дестабилизира нашиот регион“, рече Османи.

Таа, исто така, ги наведе безбедносните предизвици што произлегуваат од, како што ги опиша, долгогодишните напори на Русија за дестабилизација на Западен Балкан преку Србија, нагласувајќи ја улогата на косовските институции, континуираното присуство на НАТО и соработката со западните сојузници.

„Додека тесно соработуваме со нашите сојузници, нашите граѓани може да се чувствуваат безбедно и заштитено“, рече таа.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *