Народен правобранител е „обезглавена“ институција веќе шест месеци. Проблемот лежи во недостаток на бадентерово мнозинство во Парламентот, вели собранискиот спикер Африм Гаши. Тој ги повикува политичките партии да се договорат и ја одблокираат работата на оваа институција.