Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Брисел повторно ја повикa Србија да ги истражи наводите за употреба на звучни топови

Европската комисија го повтори своето барање до српските власти да истражат дали за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година бил употребен звучен топ.

„Како што веќе беше наведено, очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за употреба на звучно оружје против демонстрантите“, соопшти прес-службата на Европската комисија.

Новиот повик од институциите во Брисел во врска со можната употреба на звучен топ, што властите во Белград го негираат, дојде откако европските медиуми повторно го покренаа ова прашање.

Порталот „Политико“ на 15 јануари објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со Руската федерална служба за безбедност (ФСБ), тестирале звучни топови на кучиња како дел од истрагата за тврдењата на демонстрантите дека за време на протестите на 15 март било употребено звучно оружје.

Претставници на Европската комисија потврдија дека се свесни за „загрижувачките извештаи“.

„Односите со Русија не можат да продолжат како и обично, особено кога станува збор за безбедноста“, соопшти прес-службата на Европската комисија, потсетувајќи дека, според европските стандарди за човекови права, властите имаат обврска да ги заштитат учесниците на собирот од повреди и насилство.

Радио Слободна Европа (РСЕ) пишуваше во април 2025 година за извештајот на ФСБ, кој во тоа време го презентираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ рече дека истрагата на руската служба, која „користела кучиња“ за експериментот, заклучила дека нелегалното оружје „звучен топ“ не било користено на протестот во Белград.

Во извештајот, кој потоа беше објавен на веб-страницата на Безбедносната и разузнавачката агенција на Србија (БИА), се наведува дека звучните уреди што ги поседуваат српските полициски власти биле тестирани на кучиња на полигонот за обука на БИА.

Во извештајот се наведува дека за време на тестовите „биолошките предмети не покажале никаква непријатност“ и дека три дена по тестовите не се забележани никакви промени во нивната состојба.

„Врз основа на добиените резултати, може да се донесе категоричен заклучок дека звучните уреди не биле користени за време на протестите на 15 март“, рече српскиот претседател, презентирајќи го извештајот, за кој руската служба не коментираше.

По сведочењето на демонстрантите и обвинувањата дека на протестот на 15 март во Белград било употребено неовластено звучно оружје, српските власти побараа руските истражители да спроведат „независна истрага“.

Покрај руската ФСБ, српските власти го поканија и Федералното истражно биро на САД (ФБИ) да спроведе независна истрага. Сепак, нема информации за тоа како ФБИ им одговорило на српските власти.

Студентите во блокадата, кои предводат масовни протести во Србија по смртта на 16 лица во Нови Сад, барајќи властите да бидат одговорни за трагедијата, вклучија истрага за инцидентот на демонстрациите на 15 март на нивниот список на официјални барања.

Сепак, до ден денес нема официјални информации за тоа што предизвикало страв и паника кај неколку илјади демонстранти кои, додека им оддаваа почит на жртвите од несреќата во Нови Сад, одеднаш избегаа од патот - соочени со она што го опишаа како силни и необични звуци и вибрации.

Исто така, имаше бројни сведоштва за здравствени проблеми во деновите по протестот - како што се вртоглавица, несвестица, гадење, висок крвен притисок и проблеми со слухот.

Властите првично негираа дека поседуваат звучен топ, но подоцна признаа дека полицијата имала звучни уреди, тврдејќи дека тие „никогаш не биле користени“.

Европската унија веднаш по инцидентот побара истрага за наводите на демонстрантите.

Инцидентот го истражува и Европскиот суд за човекови права, судска институција на Советот на Европа.

„Соничниот топ“ припаѓа на група несмртоносни оружја што можат да се користат за полициски и воени цели - за контрола на немири, одбивање напади или комуникација на долги растојанија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *