Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Кошта свика итен самит на шефовите на држави и влади на ЕУ за Гренланд

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, одлучи да свика итен самит на шефовите на држави и влади на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) поради новонастанатите тензии меѓу ЕУ и САД околу Гренланд.

Кошта рече дека самитот ќе се одржи „во наредните денови“. Точниот датум сè уште не е познат, бидејќи повеќето европски лидери ќе присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос оваа недела. Според најавите, на Форумот ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Што претходеше?Во текот на викендот, Антонио Кошта одржа консултации со земјите-членки на ЕУ, за време на кои, како што изјави, беше потврдено „единството во принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет, вклучително и единството во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 10% за стоки увезени од осум европски земји почнувајќи од февруари поради нивното противење на третманот на Вашингтон кон Гренланд. Оваа објава беше дочекана со силна осуда од европските земји.

Осврнувајќи се на консултациите со земјите-членки, Кошта преку социјалните медиуми порача дека царините ќе ги поткопаат трансатлантските односи и се некомпатибилни со трговскиот договор меѓу ЕУ и САД.

Тој, исто така, ја потврди подготвеноста на ЕУ да се брани од каква било форма на принуда, но и нејзината подготвеност да продолжи конструктивна соработка со САД по сите прашања од заеднички интерес.

Откако избувна кризата со царините, американскиот претседател разговараше со британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Британскиот премиер го повтори ставот дека Гренланд „е дел од Кралството Данска и дека неговата иднина е прашање на Гренландците и Данците“.

„Царините за сојузниците во обид да се обезбеди колективната безбедност на сојузниците на НАТО се сосема погрешни. Секако, за ова ќе разговараме директно со американската администрација“, напиша Стармер на социјалните медиуми.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потврди дека разговарал со американскиот претседател по телефон и дека разговорите за Гренланд ќе продолжат на маргините на Форумот во Давос.

Зошто Трамп најавува за царини?Покрај тоа што се спротивставија на неговите напори да ја преземе контролата врз Гренланд, Трамп ги најави царините бидејќи некои земји испратија и воен персонал на островот за поддршка на Данска и присуството на НАТО.

Данска, заедно со сојузничките земји, спроведе координирани воени вежби во Гренланд со цел зајакнување на безбедноста на Арктикот. Вежбите беа спроведени во соработка со сојузниците на НАТО.

Земјите-членки на Алијансата кои беа таргетирани со предложените американски царини на 18 јануари предупредија дека нивното воведување може да ги загрози односите меѓу сојузниците и да има далекусежни последици.

„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и ризикуваат опасна спирала надолу. Ќе продолжиме да бидеме обединети и координирани во нашиот одговор. Ние сме посветени на зачувување на нашиот суверенитет“, се вели во заедничката изјава од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *