Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Американските преговарачи го посетија носачот на авиони во водите кај Иран

Еден ден по завршувањето на рундата индиректни нуклеарни разговори, се чини дека Вашингтон го зголемува притисокот врз Техеран со тоа што тимот преговарачи на САД го посетија американски носач на авиони кој предводи моќна ударна група во водите на крајбрежјето кај Иран.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер – зет на претседателот Доналд Трамп – го посетија носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Персискиот Залив во саботата, во придружба на адмиралот Бред Купер, кој е шеф на Централната команда на САД.

„Денес се сретнавме со храбрите морнари и маринци на бродот „УСС Абрахам Линколн“, неговата ударна група и 9-тото воздухопловно крило на носачот кои нè чуваат безбедни и ја поддржуваат пораката на претседателот Трамп за мир преку сила“, наведе Виткоф во објава на социјалните медиуми.

Носачот на авиони, со седиште во Сан Диего, Калифорнија, отплови за Индо-пацифичкиот регион во ноември пред да пристигне на Блискиот Исток во јануари, соопшти војската.

„Многу добри“ разговори во ОманПосетата на официјалните лица на носачот на авиони доаѓа откако делегациите од Техеран и Вашингтон одржаа разговори во Оман во петокот, за кои Трамп рече дека биле „многу добри“.

Иако ниту една страна не објави никакви конкретни резултати, обете страни сугерираа дека разговорите за нуклеарната програма на Иран би можеле да продолжат во блиска иднина.

„Иран изгледа многу заинтересиран да постигне договор. Ќе мора да видиме каков е тој договор“, им рече Трамп на новинарите.

Али Ваез, директор на проектот за Иран во Меѓународната кризна група, за Радио Фарда (иранскиот сервис на Радио Слободна Европа) изјави дека „фактот што разговорите не пропаднаа и дека двете страни не се повлекоа од преговарачката маса покажува дека можеби сметале оти имаат доволно заедничка основа или дека двете страни ставиле некои отстапки на масата што биле доволно привлечни за да ги продолжат разговорите“.

Сепак, разговорите се одржаа во време кога САД го зголемуваа своето воено присуство на Блискиот Исток. Тензиите се зголемија со немирите кои со недели траат во Иран, а за време на кои тамошните власти започнаа репресија врз демонстрантите во која, според групите за човекови права, се убиени илјадници цивили.

Трамп ги предупри иранските властиКога протекоа извештаи за убиствата од Иран, Трамп се закани дека ќе го нападне Иран доколку некој од десетиците илјади уапсени демонстранти биде погубен.

Американскиот претседател продолжи да разгледува воени опции, истовремено нагласувајќи ги напорите за ограничување на нуклеарната програма на Иран, за која западните сили стравуваат дека има за цел да направи бомба и покрај инсистирањето на Техеран дека програмата е за цивилни цели.

По разговорите во Оман, американскиот Стејт департмент објави нови санкции за извозот на иранска нафта, насочени кон 15 субјекти и 14 бродови од тајната флота.

Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, се придружи на американскиот тим за време на разговорите во Оман.

По разговорите во Оман, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека и Техеран и Вашингтон веруваат оти нуклеарните разговори треба наскоро да продолжат, иако Иран ја исклучува можноста за разговори за неговата ракетна програма и збогатувањето на ураниум.

Аракчи во саботата за катарската телевизија Ал Џезира изјави дека двете страни се согласиле оти разговорите треба наскоро да продолжат, додавајќи дека не е договорена временска рамка за следниот состанок.

„Подготвени сме да постигнеме смирувачки договор за збогатувањето (на ураниум)“, рече тој додавајќи дека „иранското нуклеарно прашање ќе се реши само преку преговори.“

Нетанјаху најавува средба со ТрампНа друг дипломатски фронт, пак, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој ќе се сретне со Трамп во Вашингтон на 11 февруари за да разговара за „преговорите со Иран“.

Нетанјаху постојано го повикуваше Трамп, како што ги повикуваше и претходните претседатели на САД, да заземе цврст став кон Иран.

Минатиот месец тој рече дека ако Иран нападне, Израел ќе одговори „со сила каква што Иран никогаш не видел“.

САД ги бомбардираа клучните подземни постројки за збогатување на ураниум во Фордоу и Натанц за време на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел во јуни.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *