Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Иран инсистира на збогатување ураниум додека американската флотила плови во Арапското Море

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи инсистира на правото на неговата земја да збогатува ураниум, искажувајќи пркосен став додека американските поморски ударни сили пловат во регионалните води во услови на невидени внатрешни превирања во Иран.

Коментарите на Аракчи следеа по разговорите меѓу американските и иранските претставници во Оман за судбината на нуклеарните програми на Иран. Техеран вели дека неговите програми се мирни по природа, насочени кон производство на електрична енергија. Вашингтон и други земји се сомневаат дека Техеран се стреми да изгради атомско оружје.

„Нулто збогатување никогаш не може да биде прифатено од нас“, беше цитиран Аракчи на 8 февруари.

„Оттука, треба да се фокусираме на дискусии што го прифаќаат збогатувањето во Иран, а воедно градат доверба дека збогатувањето е и ќе остане за мирни цели.“

„Инсистирањето на Иран за збогатување не е само техничко или економско прашање, туку е вкоренето во желбата за независност и достоинство. Никој нема право да ѝ кажува на иранската нација што треба или не треба да има“, рече Аракчи.

Разговорите, кои се одржаа во Оман, се случија во време на американско воено засилување на Блискиот Исток.

Тензиите се зголемија во последните недели, бидејќи Иран е погоден од невидени улични протести во Техеран и други градови.

Властите брутално ги задушија протестите - најголемите од Исламската револуција во 1979 година, а групите за човекови права велат дека илјадници цивили се убиени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со напад, наведувајќи можни егзекуции на демонстранти и велејќи дека „помошта е на пат“. Тој нареди носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и флотила од придружни бродови да се испратат во регионот.

Во јуни, САД ги нападнаа иранските нуклеарни постројки на крајот од 12-дневната израелска кампања за бомбардирање.

Во објава на социјалните мрежи на 7 февруари, претседателот Масуд Пезешкијан рече дека разговорите во Оман се „чекор напред“ и дека Техеран сака да се почитуваат неговите права според меѓународниот договор.

Трамп, исто така, ги пофали разговорите, велејќи дека „Иран изгледа како многу очајно да сака да склучи договор“.

Али Ваез, директор на проектот за Иран во Меѓународната кризна група, рече дека се чини дека разговорите во Оман не пропаднале и дека ниту една страна не се откажала од преговорите.

„Можеби почувствувале доволно заедничка основа или дека двете страни ставиле некои отстапки на маса што биле доволно привлечни за двете страни да продолжат со разговорите“, изјави Ваез за Радио Фарда на Радио Слобдна Европа.

По разговорите во Оман, американскиот Стејт департмент објави нови санкции за извозот на нафта од Иран, насочени кон 15 субјекти и 14 бродови од флотата во сенка.

Нетанјаху ќе се сретне со ТрампВо меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со Трамп во Вашингтон на 11 февруари за да разговара за „преговорите со Иран“.

Нетанјаху постојано ги повикува Трамп и претходните американски претседатели да заземат цврст став кон лутиот ривал Иран.

Нетанјаху минатиот месец рече дека Израел ќе возврати доколку Техеран биде нападнат со „сила каква што Иран никогаш не ја видел“.

На 7 февруари, претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, кој ги водеше преговорите во Оман, го посети бродот „Абрахам Линколн“ заедно со шефот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер.

„Денес се сретнавме со храбрите морнари и маринци на бродот „УСС Абрахам Линколн“, нејзината ударна група и „Носачот на воздухопловни крила 9“ кои нè чуваат безбедни и ја поддржуваат пораката на претседателот Трамп за мир преку сила“, напиша Виткоф на социјалните медиуми.

Нему му се придружи зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кој исто така одигра централна улога во преговорите.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *