Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Година од трагедијата во Кочани: Сеќавање на жртвите и обврска за правда

Во едно демократско општество трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината, рече премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата што се одржува во Скопје по повод една година од трагедијата во Кочани, кога во пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Пожарот избувна во кочанската дискотека „Пулс“ ноќта на 16 март 2025. Во тек е судски процес за утврдување на одговорните за несреќата.

Мицкоски рече дека денот на пожарот бил најтешкиот во неговиот живот и како човек и како премиер. Тој рече дека одговорот на прашањето кој е виновен треба да го дадат обвинителството и судовите, а не јавноста или некаков „преки“ суд.

„Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Затоа веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Кога трагедија од ваков размер ќе се случи, државата има обврска да покаже дека системот функционира, дека пропустите се утврдуваат и дека одговорноста се презема“, рече Мицкоски на меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани - една година потоа“.

Тој ги прочита имињата на 63-те жртви, укажа на заедничките напори и солидарноста на здравствени работници, спасувачи, институции, меѓународни партнери и граѓани за мобилизацијата за спасување на повредените.

Мицкоски најави дека Владата ќе реализира

повеќе инфраструктурни и развојни проекти за Кочани и за регионот, за Кочани да биде град во кој младите гледаат перспектива. Тој кажа дека државата има обврска да го зачува сеќавањето на трагедијата, да извлече поуки и да изгради подобар и побезбеден систем за сите граѓани.

Министерот за здравство, Азир Алиу, се осврна на реакцијата на здравствените служби во првите критични часови и упати посебна благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавниот и приватниот сектор, кои, како што рече, направиле натчовечки напори да спасат животи.

Паралелно со конференцијата во Скопје, во Кочани се одржува литургија за упокоените во пожарот.

За пожарот во „Пулс“, обвинение е поднесено против 35 лица и три фирми. Меѓу нив се поранешни министри за економија, поранешни градоначалници на Кочани, инспектори и други службеници.

Кога избувна пожарот во „Пулс“, во објектот имало повеќе од дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *