Кремљ демантира дека Русија ги купила „Мистралите“ за еден долар
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја коментираше изјавата на министерот за одбрана на Полска Антони Мациревич кој, повикувајќи се на „добри извори“, соопшти дека Египет за еден долар ѝ ги продал на Русија носачите на хеликоптери „Мистрал“. Ова портпаролот на претседателот на Русија го изјави во петокот за телевизијата „Русија 24“.
Египет сака да купи од Русија хеликоптери Ка-52К за „Мистралите“
„Не мислам дека тоа се сигурни извори. Мислам дека според сѐ, тоа се објаснува со претераниот емоционален фон кој владее последниве недели во Варшава. Фон кој, за жал, не сите се способни да го сварат, не сите се способни адекватно да реагираат на него. Тоа е апсолутна глупост“, изјави тој.
Изјавата на полскиот министер за одбрана беше критикувана и од Министерството за одбрана на Русија. „Изјавите на Антони Мациеревич дека Русија ги набавила од Египет „Мистралите“ се петочна глупост“, изјави портпаролот на МО РФ Игор Конашенков, пренесува „Лента.ру“.