Медиуми: Индија има намера да купи од Русија речиси 500 тенкови Т-90
Комисијата за воени набавки при Министерството за одбрана на Индија го одобри договорот за купување 464 тенкови Т-90МС од Русија. Весникот „Тајмс оф Индија“, кој ја пренесува оваа информација, исто така наведува дека индиската страна очекува вредноста на договорот да биде во износ од две милијарди долари.
Како што се нагласува, планирано е во Индија да се врши лиценцирано склопување на борбените возила.
Новиот Тенк Т-90С
Одобрение од Комисијата за воени набавки е неопходна фаза во јавните набавки и не гарантира склучување на зделка, но овозможува започнување конкретни преговори со потенцијалниот снабдувач.
Претходно, РИА „Новости’ повикувајќи се на претставници на „Уралвагонзавод“’ соопшти дека Делхи е заинтересиран за тенковите Т-90МС. Во вооружувањето на Индија во моментов има руски тенкови Т-72 и Т-90.
Т-90МС е најновата извозна верзија на Т-90. Користи исти видови на муниција како и тенкот Т-90. Меѓутоа, дополнително е вклучен и распрскувачки проектил со далечинска детонација кој обезбедува поефикасна борба против жива непријателска сила, пишува порталот „Взгљад“.