Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Путин и Медведев изразија сочувство по повод смртта на Фидел Кастро

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство по повод смртта на лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, истакнувајќи дека неговото име со право се смета за симбол на цела една ера во модерната историја на светот, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Изградената од него и неговите соборци слободна и независна Куба стана влијателен член на меѓународната заедница и служеше како инспиративен пример за многу земји и народи. Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија. Тој даде голем придонес за развојот на руско-кубанските односи и тесната стратешка соработка во сите области“,  се вели во телеграмата со сочувство.

Како што истакна претседател на Русија, Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија, споменот за него ќе остане засекогаш во срцата на граѓаните на РФ. „Овој силен и мудар човек секогаш гледаше со доверба во иднината. Тој беше отелотворение на највисоките идеали за едеб политичар, граѓанин и патриот, искрено убеден во исправноста на каузата на која тој го посвети целиот свој живот“, се вели во телеграмата.

„Во овој тажен час молам да ги пренесете зборовите на сочувство и поддршка до сите членови на Вашето семејство. Ви посакувам храброст и упорност пред лицето на оваа ненадоместлива загуба“, се вели во пораката на рускиот претседател.

Фидел Кастро апелира да не се провоцира Русија

И премиерот на РФ Дмитриј Медведев изрази сочувство во врска со смртта на Фидел Кастро, истакнувајќи дека со него заминува цела епоха.

„Заедно со Фидел Кастро, без претерување, си замина цела историска епоха. Секогаш ќе се сеќавам на средбите со овој извонреден човек. Моето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите, до целиот кубанскиот народ“, напиша премиерот на својата  страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

„Фидел Кастро проживеа голем живот, полн со настани и предизвици Тоа не беше само политичар и лидер. На прво место, тоа беше брилијантен човек, лидер“, истакна  премиерот. „Пријателските, сојузничките односи меѓу нашата земја и Куба се изградени благодарение на неговиот личен ангажман“, убеден е Медведев.

Премиер потсети дека за последен пат разговарал телефонски со Фидел Кастро во август оваа година, кога кубанскиот лидер наполни 90 години. „Тој беше мошне заинтересирани за она што се случува во светот, во Русија, до последен момент беше со бистар ум и чуваше многу информации во главата“, изјави Медведев.

Фидел Кастро, историскиот лидер на кубанската револуција, основач и долгогодишен лидер на  Куба, првата социјалистичка држава во западната хемисфера - почина во петокот вечерта во 91-та година од животот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *