МО РФ објави видео во чест на Денот на морската пешадија
Во видеото, објавено на официјалниот видео канал на „Јутјуб“, е прикажана боевата обука на морските пешадинци. Војниците реализираат гаѓања и скокови со падобран, совладуваат пречки на земја и во вода, тренираат поморски десант.
Како што истакнува рускиот одбранбен ресор, „морската пешадија на Русија е елитата на Вооружените сили“.
Денот на морската пешадија во Русија се одбележува секоја година. Првпат денот беше одбележан во 1996 година.
На 27 ноември 1705 година Петар I го донесе указот за формирање на првиот во Русија „полк на морски војници“, пишува РИА „Новости“.