Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Како да се запре стареењето?

Во октомври оваа година биофизиичарот Алексеј Карнаухов си пресади сопственa коскена срцевина за да живее до 150 години, но експериментот не успеа да стане сензација. Многу руски научници претходно врз себе ги имаат тестирано своите откритија. Претходно Анатолиј Брушков си вбризга раствор со древна бактерија, која живеела во текот на милиони години длабоко во замрзнатата земја. Академик Владимир Скулачов веќе си капнуваше во очите материја против стареење, која беше создадена во неговата лабораторија.

Научникот Скулачов уверува дека благодарение на тоа се излекувал од катаракта. „Јас сум речиси слеп, па решив да направам експеримент врз себе - вели Скулачов. - За тоа време со помош на нашата материја излечив од катаракт 500 стари стаорци“. Резултатите ги поразиле офталмолозите. Сега лабораторијата на Скулачов работи со лекови предизвикани од старост кои се пристапни за сите.

Вечна младост како кај китовите

Академик Владимир Скулачов ја проучува работата на клеточните механизми на човечкото тело - митохондриите. Според неговата хипотеза тие ја извршуваат во клетката функцијата на моќна единица. Со текот на времето поради оксидацијата митохондриите  се трошат.

„Доколку се деблокира овој механизам, луѓето ќе останат здрави и постари - вели Скулачов. - Тоа не е бесмртност. Идејата е да се спаси човештвото од понижувачката состојба на немоќ на крајот од животот. Во природата има примери: многу крокодили, некои видови желки и поларните китови не остаруваат. Голиот стаорец, откриен во Африка, живее до 30 години, што е 10 пати повеќе од нормалното за стандардниот глушец“.

Стимулација на 'рбетот за негово обновување

Во 2004 година, заедно со своите синови - биологот Максим и математичарот Инокентиј, тој вовел формула на нова супстанција, способна да го намали процесот на стареење. Научниците ја нарекле SkQ. Супстанцата ѝ обезбедува на мембраната природни антиоксиданси. Нејзината ефикасност е тестирана врз животни. „Соработувавме со австралиски ветеринар кој со помош на нашите супстанции третираше животни од различни болести поврзани со возраста“, рече Скулачов.

Големиот син на академик Максим застанува на чело на лабораторијата во која се развиваат лекови за луѓе врз основа на SkQ „Митотех“. Идејата ги привлекла руските олигарси. Во 2005 година, сопственикот на „Базовиј елемент“ („Базовый элемент“) Олег Дерипаска има инвестирано во проектот $ 15 милиони, но во 2008 година тој го запира финансирањето поради почетокот на кризата. Во моментов, проектот се одржува од страна на компанијата „Роснано“ и од приватни инвеститори.

Оваа година лабораторијата конечно е блиску до производство на долгоочекуваниот „еликсир на младоста“ над кој работи во текот на околу 11 години. „Во 2016 ние спроведовме клинички испитувања кои веќе се завршени на првата фаза – вели за „Руска реч на македонски“ Максим Скулачов. - Досега тие само докажуваа дека лекот е безбеден: тестовите се извршени на млади здрави луѓе“. По неколку години студијата ќе биде завршена и лекот против стареење ќе биде пуштен во продажба.

Да престанеме да умираме и да почнеме да се размножуваат

Биофизичарот Алексеј Карнаухов планира да живее до 150 години. Тој смета дека на старост за продолжување на животот на луѓето треба да им се имплантираат сопствените клетки, кои сè уште не се оштетени како резултат на надворешни влијанија. Според Карнаухов техниката може да спаси дури и човек кој бил подвргнат на фатална доза радијација. Обидите со глувци ја потврдуваат оваа теорија.

„За време на експериментите, просечниот животен век на глувците се зголеми за 34% - вели Карнаухов за „Руска реч на македонски“. - Кај глувците се зголеми и репродуктивниот период. Од човечка гледна точка, тоа е како жената да раѓа на 60 години. Глувците се активни и надворешно изгледаат помлади: крзното им е сјајно и меко“.

Руски научник планира да живее до 150 години

Сепак, секој од методите за подмладување има свои ограничувања. Според Карнаухов трансплантација може да се прави само на сопствените клетки. Вештачките не можат да подмладуваат, а во нив може да има и геномни грешки. „Тие можат да одиграат и негативна улога и да го убијат човекот - вели Карнаухов. - Нашите сопствени клетки се во состојба сами да го најдат своето место во телото и да го обноват здравјето на возрасен човек“.

Скулачов вели дека спречувањето на стареењето не може да се случи во секоја фаза. „Во нашите експерименти супстанцијата SkQ не помага на многу стари стаорци - вели Скулачов. - Во организмот има точка од која нема враќање“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *