Путин зборуваше за своите шанси за учество во претседателските избори 2018
Ова претсеателот на Руската Федерација го изјави на големата прес-конференција во петокот, 23 декември, пренесува „Лента.ру“.
„Ќе гледам што се случува во земјата, во светот. И поаѓајќи од тоа што сме направиле, поаѓајќи од тоа што можеме да направиме, како треба да правиме, ќе биде донесена одлука и за моето учество или неучество во идните избори за претседател на Руската Федерација“, изјави шефот на државата.
Рејтингот на Путин највисок по 2008 година
Претходно на 22 декември портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека прашањето за претседателските избори не е на агендата на Кремљ.
На 13 декември основачот на Фондот за борба против корупцијата Алексеј Навални соопшти дека ќе се кандидира за претседател на Русија. Такви намери има и бизнисменот Сергеј Полонски, кој е во притвор поради измама.
Изборите за претседател на Русија ќе се одржат во март 2018 година.