Медведев на чело на комисијата за истрага на падот на Ту-154
Претседателот на Русија Владимир Путин му наложи на премиерот Дмитриј Медведев да формира и да биде на чело на државната комисија за истрага на падот на авионот Ту-154 во Сочи, соопшти во неделата прес-службата на Кремљ, пренесува „Интерфакс“.
„Шефот на државата го изрази своето длабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во авионската несреќа“, се вели во соопштението.
Авион Ту-154 падна во Црното море
Авион Ту-154 на руското Министерство за одбрана авион исчезна од радарот во неделата наутро 20 минути по полетувањето од Сочи. Во авионот, според последните податоци, имало 92 лица, меѓу кои новинари и воениот ансамбл „Александров“. Авионот леташе за Сирија, каде што требаше да настапи со концерт во воздухопловната база „Хмејмим“ и да им ги честита новогодишните празници на руските војници кои служат таму.
За падот на Ту-154 е поднесена кривична пријава. Истрагата на случајот ќе ја врши централниот апарат на Истражниот комитет на Русија. Според првиот човек на ИК Александар Бастрикин, „испратена е група искусни иследници“.
На местото на несреќата работат стручњаци на Министерството за одбрана на РФ и Министерството за вонредни состојби. Пронајдени се телата на неколку загинати.