Досега пронајдени телата на 10 загинати при падот на Ту-154
Ова за „Лента.ру“ го соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во моментов се најдени телата на 10 загинати. Пребарувањето се врши на 10,5 квадратни километри.
„Во пребарувањето се вклучени 27 бродови и пловила, 37 нуркачи, четири хеликоптери, беспилотни летала и диригирани длабоководни апарати“, изјавија од рускиот одбранбен ресор.
Исто така, министерството соопшти дека во Сочи ќе будат испратени повеќе од 100 нуркачи со специјална опрема – од другите флоти, покрај Црноморската.
Авион Ту-154 падна во Црното море