Објавено видео од местото на падот на Ту-154
Видеото го објави РТ.
Авионот Ту-154 се урна во неделата наутро седум минути по полетувањето од аеродромот Адлера. Авионот леташе кон провинцијата Латакија во Сирија.
Во авионот на Министерството за одбрана на Русија имаше 92 лица, меѓу кои девет претставници на медиумите (новинари на „Прв канал“, НТВ и телевизија „Ѕвезда“) и 64 членови на ансамблот „Александров“, пренесува „Взгљад“.